Албанците од Велес заборавени, Леонора не знае албански, во училиште учи само македонски

Во селото Стари Град, општина Чашка, живеат 50 жители. Во основното училиште, учат 7 деца. Наставниот процес се одвива на македонски јазик, иако сите ученици се Албанци. Поради недостиг на наставници Албанци и учебници на албански јазик, учениците мора да учат на македонски јазик. Поради тоа, децата од ова село, но и жителите, полека го забораваат мајчиниот јазик.

На влезот на селото, ја сретнавме Леонора. Таа е во четврто одделение. Од неа побаравме да ни изрецитира песна.

Видовме дека Леонора има проблеми со албанскиот јазик.

Откако се запознавме со жителите, ни ги раскажаа нивните проблеми и маката дека нивните деца не можат да учат на мајчин јазик.

Се собраа сите деца да ни раскажат што учат на училиште. Немаа ниту еден учебник на албански јазик.

Со помош на телефонот најдовме неколку зборови на албански јазик, за да видиме дали децата ќе знаат да читаат.

Освен тоа што не знаат да читаат, не знаат ниту името да го напишат.

„Овие ученици, ги знаат буквите, но само на кирилица“, рече Енсар Рушити

Родителите се загрижени од можна асимилација.

„Дома зборуваат на македонски јазик, полесно им е бидејќи учат на македонски јазик. Секако дека сакам моите деца да учат на албански јазик, но нема  каде. Од општина Чешка ни рекоа дека може да се направи, но, досега не направија ништо“, вели Раиф Јакупи, родител.

Градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски, побара од родителите да се јават во општината и да го кажат нивниот проблем за да преземат мерки за решавање на проблемот.

Состојбата беше иста и во велешкото село Караслари, каде ТВ21 беше пред два недели. Веќе неколку години властите ветиле дека состојбата ќе се подобри, но како што изгледа Албанците од населените места на Велес, Крушево, Манастир и Прилеп, се заборавени.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ