(ВИДЕО) Мираковска: Џафери ќе одлучи дали денеска ќе се гласа за уставните измени

Ги повикавме колегите да гласаат. На гласањето ќе видиме дали имаме двотретинско мнозинство, а ние веруваме и очекуваме дека ќе имаме, изјави пратеничката од СДСМ, Соња Мираковска, по повод гласањето за уставните измени во Собранието.

Таа рече дека е можно денеска да не се гласа и дека за тоа ќе одлучи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Претседателот ќе одлучи кога ќе се гласа. Има уште 20 пратеници кои треба да говорат, секој кој се пријавил има право на збор.

Мираковска рече дека колегите во Собранието не се откажале од членството во ЕУ и НАТО, па се надева дека ќе покажат на дело. Запрашана за најавената посета за понеделник на заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Метју Палмер, пратеничката оцени дека неговото доаѓање не е притисок, туку поддршка.

Продолжението на седницата за уставните измени ќе почне во 12 часот. Опозицијата пред два дена се откажа од дискусија и побара гласање.

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Мираковска: Џафери ќе одлучи дали денеска ќе се гласа за уставните измени was last modified: October 19th, 2018 by Ана