Доколку грицкаш нокти мора да ги знаеш овие работи

Додека го читаш овој и текст и страсно се подготвуваш да почнеш да грицкаш нокти, застани за момент и прочитај сѐ што би требало да знаеш. Ние не сме твојата мајка, за да те опоменуваме постојано, туку ти нудиме објаснувања, после кои ти ќе си одлучиш дали ќе продолжиш со оваа лоша навика.

1. Првата работа која е конечно разрешена е дека грицкањето нокти нема никаква врска со стресот или досадата, туку ова се случува и во нормални животни ситуации. Ова објаснување е резултат на едно истражување кое е спроведено од страна на научници од универзитетот во Монтреал во кој учествувале 48 „грицкачи на нокти“. И знаеш што, тие се перфекционисти. Да, тоа е нивен „проблем“, што сакаат да бидат најдобри во секоја ситуација, па тоа ги тера да ги грицкаат ноктите. Значи нема никаква врска со анксиозност или големи трауми, како што се зборува. Ова е добра вест, а сега подготви се да ги чуеш лошите, кои се сепак повеќе.

2. Под ноктите „живеат“ некои навистина лоши бактерии, како Staphlococcus aureus, која може да предизвика инфекција на кожата или пак Escherichia coli, која е бактерија на цревата, но доколку се создадат во мочните канали ќе ти треба долго време да ги „избркаш“.

3. Со овие бактерии е поврзана и уште една лоша работа, а тоа е лошиот здив. Само да знаеш дека никакви гуми за џвакање нема да ти го решат овој проблем.

4. Иако се мали, ноктите се тврди и може да ја оштетат глеѓкта на забите, а тоа понатаму води кон проблем и итно заминување кај стоматологот.

5. Долготрајното грицкање нокти може трајно да ја уништи ноктната плоча, која почнува да расте како што не треба, а сето тоа воопшто не изгледа убаво.

Се надеваме дека ти дадовме доволно причини за да престанеш со оваа лоша навика. Ќе видиш дека нема подобро чувство од она кога ќе се победиш самиот себе!