До март пресуди за Мијалков и за Тачи за предметот „Титаник 2“

На судењето за предметот „Титаник 2“ на СЈО денеска судијата Огнен Ставрев ги закажа завршните зборови на специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски за 8 и 15 февруари. Тоа значи дека најдоцна до март ќе се знаат пресудите за Мијалков и Тачи, како и за другите обвинети во овој случај.

Во случајот „Титаник“, обвинети покрај Мијалков и Тачи се уште и тогашниот член на ДИК Ибраими, како и Срцев, Стефановска и Сајковски.

Според обвинението, по барање на Мијалков, Тачи му наложува на Ибраими да гласа за поништување на чисто гласање на избирачко место во Струмица, каде победил кандидатот за градоначалник Зоран Заев.