Европа бара Нобелова награда за Заев и Ципрас, три групи во европскиот парламент ја поддржале номинацијата

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, номинирани се за овогодинешната Нобелова награда за мир, а челниците на три групи од Европскиот парламент веќе ја поддржале иницијативата, јавува грчката агенција АНА.

Удо Булман, Ска Келер и Габи Цимер во заедничко соопштение нагласиле дека Преспанскиот договор го решава долгогодишниот спор со името и придонесува за мир на Балканот.

Тие нагласиле дека Договорот е пример за „мирно решавање на меѓународните проблеми низ дијалог и меѓусебен компромис“, додавајќи дека двајцата премиери покажале политичка храброст и покрај противењето на дел од граѓаните на двете земји, и токму од тука Нобеловата награда за мир 2019 година треба да им припадне заедно на Ципрас и на Заев.