Костадинов: Иницијативата на Мицкоски за распуштање на Собранието е всушност за распуштање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

0

Пратеникот од редовите на СДСМ, а воедно и портпарол на партијата Костадин Костадинов, на денешната прес-конференција истакна дека иницијативата на Христијан Мицкоски за распуштање на Собранието е всушност иницијатива за распуштање на пратеничката група на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Иницијативата за распуштање на Собранието, всушност е иницијатива на Христијан Мицкоски за распуштање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури ниту самиот Мицкоски не знае колку од неговите сопартијци и пратеници ќе го поддржат.

Антизападниот Мицкоски е во паника поради влезот на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ и таа паника ја крие со вакви чекори.

Тој нема капацитет да понуди ништо добро за граѓаните и државата освен деструкција и блокади.

Мицкоски не постапува и не размислува ниту државнички ниту одговорно. Тој е посветен само само на својот и интересот на неговите антизападни ментори.

Владата предводена од СДСМ влегува во економски поход. На агендата се силна економија, инвестиции, поврат на ДДВ кон граѓаните, повисоки плати, подобар животен стандард, нови работни места.

Влада која сите свои капацитети ги вложува во економија и напредок, која создава шанса за сите не размислува за оставка туку за доброто на граѓаните.

Мицкоски го чека пораз на следните избори и може уште сега да размислува само за сопствената оставка.

СДСМ е партија која на Македонија и донесе државнички историски успех и затоа ќе победи на претседателските избори, ќе победи и на парламентарните, кога и да се одржат“, вели Костадинов.