Линкевичиус: Литванија меѓу првите ќе го ратификува Протоколот за Македонија во НАТО

0
Фото: МИА

Шефот на литванската дипломатија Линас Линкевичиус е во посета на Македонија. Тој денеска на средбата со неговиот колега Никола Димитров најави дека Литванија ќе биде меѓу првите земји кои ќе го потпише Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО алијанската.

„Тука сум да изразам поддршка на нашите пријатели и нашите идни сојузници. Активно ќе помогнеме во завршување на работата на Македонија“, изјави Линкевичиус.

Димитров истакна дека посетата на неговиот литвански колега доаѓа симболично по ратификацијата на Договорот од Преспа, во исто време потсетувајќи дека токму Линкевичиус бил потписник на Декларацијата од Вилнус и дека Македонија е последната држава од таа група која остана надвор.

„Среќен сум што добив уверување од Литванија дека стои со нас кон последните чекори за пристапот кон членството во НАТО и во однос на патот кон ЕУ“, истакна Димитров.

Димитров и Линкевичиус потпишаа и Спогодба за соработка во областа на меѓународниот транспорт. Линкевичиус денеска ќе има средби и во Владата и во Собранието.