Македонија вечерва се гуши, во Прилеп воздухот загаден 20 пати над дозволеното

0

Алармантна загаденост вечерва во прилепскиот регион. Според апликацијата „Мој воздух“, во Прилеп во моментов има ПМ10 честички дури 1012 микрограми на метаркубени, а дозволени се 50 микрограми!

Речиси и во сите други градови загаденоста е далеку над дозволеното.

Синоќа Скопје беше најзагаден град во Светот, а Битола утринава се разбуди како најзагаден град во Европа.

Останува да се види каква ќе биде ситуацијата во следните денови, и дали ќе бидат превземени мерки против загадувањето.