Македонија на 10. место во светот според „Дуинг бизнис 2019“ на Светската банка

0

Во најновиот извештај „Дуинг бизнис 2019“ на Светската банка, Македонија е рангирана на 10. место во Светот. Тоа е една позиција подобро од минатата година.

Рангирањето се прави врз 10 критериуми, а опфатени се 190 земји во Светот.

Најдобро позиционирана Македонија е според заштитата на малцинските инвестори, и во тоа поле се наоѓа на 7. позиција. Додека најслабо рангирана нашата земја е според критериумите регистрирање на имот и почнување бизнис, на 46 место, односно на 47 позииција.

Во извештајот „Дуинг бизнис 2019“ Македонија е највиско рангирана од државите во регионот. Словенија е 40-та, Косово 44, Србија 48, Црна Гора 50, Хрватска 58, Бугарија 59, Албанија 63, Грција 72, а Босна и Херцеговина 89.

Најдобра во светот, според „Дуинг бизнис2019“ е Нов Зеланд.