дома блог

ФОТО: Инцидент во Шуто Оризари, претепани полициски службеници

0

Двајца полициски службеници кои не биле на работа се нападнати и пренесени во болница, откако поголема група на граѓани ги нападнале од засега не позната причина.

Според МВР, денеска во попладневните часови малолетничка раскажала на возрасен маж дека била сведок како во комбе внеле едно женско лице, по што случајот бил пријавен во полиција.

Од МВР за ТВ21 велат дека во моментот кога наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од ПС Чаир, кои не биле на работа биле нападнати од група граѓани. Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош.

Од МВР додаваат дека до овој момент нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ќе има ли Скопје чист воздух за дишење? Еко автобусите ќе пристигнат по една година

0

Утрово Скопје повторно беше најзагаден град во светот. Според индексот за квалитет на воздухот Ервизуал, нашиот главен град е позагаден од Лахор во Пакистан, Ријад во Саудиска Арабија и Делхи во Индија. Нивото на загадувањето беше на ова ниво и пред една недела кога Град Скопје активираше мерки кои на сила беа само два дена. Во саботата се одржаа и протести пред Собранието и Влада, каде беше побарано мерките повторно да бидат активирани.

Како дел од долготрајните решенија, Град Скопје потпиша договор за набавка на 55 еко автобуси на гас. Тие ќе чинат околу 12 милиони евра. 10 милиони евра се позајмени од Европска банка за обнова и развој, а 1.8 милиони евра се обезбедени од фондовите на ЈСП.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека автобусите најдоцна ќе пристигнат по една година. Овие автобуси емитираат минимална количина канцерогени честици.

За набавката на автобусите Град Скопје дава гаранција на ниво на општини, а Република Македонија на државно ниво. Периодот за исплата на кредитот е 10 години. Предвидено е овие нископодни автобуси да имаат поголем капацитет од актуелните двокатни автобуси.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Законот за пазарџиите ќе се одложи за една година? Опозицијата обвинува за манипулирање со граѓаните

0

По протестите на пазарџиите, примената на новиот закон зелените пазари најверојатно ќе биде одложена за една година. Од страна на парламентарното мнозинство во Собранието е поднесена иницијатива со која се бара пролонгирање на неговата примена.  Новиот закон кој меѓу другото предвидуваше обврска да се плаќа лиценца од 60 евра , предизвика голем револт кај пазарџиите.  Пратеникот од ДУИ Ејуп Алими образложувајќи ја одлуката рече дека со ова се дава повеќе простор на пазарџиите и Владата да се усогласат. Според него од досега одржаните средби со трговците во зелените пазари е увидено дека е потребно да се одложи овој закон се додека не бидат подготвени трговците.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека парламентарното мнозинство нема слух да ги реши нивните проблеми, туку само ги одложува. Овој штетен закон треба да се укине а на да се одложи вели Љупчо Димов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со штетниот закон на СДСМ се воведуваат казни од 1500 до 2000 евра и се бркаат пензионерите и хонорарците од зелените пазари. Законот кој го донесе СДСМ директно ќе удри на најмалку 20 илјади граѓани кои  егзистираат продавајќи на зелените пазари“, изјави Љупчо Димов од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека преку консултации со пазарџиите ќе се дојде до заедничко решение кое е прифатливо за сите. Институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со коке ќе бидат заштитени сите засегнати страни, рече Костадин Ацевски од СДСМ.

„Време е конечно овој проблем да се реши. Мислиме дека со одложување од една година имаме доволно простор сите засегнати страни да седнат на заедничка маса и да се најде вистинско решение кое ќе значи сузбивање на сивата економија и заштита на интересите на сите“, изјави Костадин Ацевски од СДСМ.

Измените предвидуваат за три месеци да се одложи донесувањето на подзаконските акти, а регистрацијата  да започне да се применува од 1 јануари идната година.

РЕПОРТЕРКА: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Измените на Кривичниот Закон можат да го спасат Латас од кривично гонење за „Тотал“

0

Со измени на Кривичниот Законик, кривичното дело сторено во 2016 година за кое е обвинет Драган Павловиќ Латас во случајот „Тотал“ може да застари, информираа од невладините организации од проектот „За правда“ на брифингот со новинари.

За делото во кое се гони обвинетиот Латас беше предвидено затворска казна од минимум четири години. Делото е сторено на 1 јануари 2008 до 15 март 2016 години, за даночно затајување за даночните години од 2008 до 2015, но со неодамнешните измени на законот, се додаде нов член, кој за делото за кое се гони Латас, предвидува помала казна од 6 месеци до 3 години затвор. На овој начин, доколку Латас се гони по новиот член, ќе му застари кривичниот прогон за периодот од 2008 до 2012 година, а ќе се гони само за период од 2013 до 2015 година.

Собранието го одложи воведувањето на Законот за пазари, пазарџиите бараат средба со Заев

0

Собранието го исвои одложувањето на примената на Законот за трговија на зелените пазари со 57 гласа „за“ и 12 „против“.Измените предвидуваат за три месеци да се одложи донесувањето на подзаконските акти, со што пазарџиите ќе се спасат од плаќање на лиценца од 60 евра до следната година.

Одлуката следува откако претходно изгласаните одредби предизвикаа гнев кај пазарџиите. Регистрацијата ќе започне да се применува од 1 јануари 2020 година.

Пазарџиите преку писмо побараа средба со премиерот Зоран Заев но засега не се знае дали ќе бидат повикани на разговор.

СДСМ: Ќе гласаме против предлогот за зголемување на платите на вицепремиерите

0

И покрај тоа што не гласаа за негово повлекување, сепак, пратениците од СДСМ ќе гласаат против предлогот за зголемување на платите на вицепремиерите. Ова денеска го соопшти портпаролот на партијата Костадин Костадинов.

„Секако го одбивме барањето за повлекување од дневен ред на точката поврзана за платите на вицепремиерите од причина што ставот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата дека поддржување на дополнителни бенефиции за вицепремиери нема да има. Значи ќе гласаме против оваа точка, тоа ќе го докажеме и со самото гласање кога точката ќе дојде на дневен ред“, вели Костадинов.

Дали тоа значи дека СДСМ се откажува од зголемувањето на платите на вицепремиерите?

„Да, дополнителни бенефиции на функционерите не се потребни. Бенефиции ќе има само за граѓаните, и тоа е јасна определба на СДСМ и коалицијата“, рече Костадинов.

Костадинов: Иницијативата на Мицкоски за распуштање на Собранието е всушност за распуштање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

0

Пратеникот од редовите на СДСМ, а воедно и портпарол на партијата Костадин Костадинов, на денешната прес-конференција истакна дека иницијативата на Христијан Мицкоски за распуштање на Собранието е всушност иницијатива за распуштање на пратеничката група на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Иницијативата за распуштање на Собранието, всушност е иницијатива на Христијан Мицкоски за распуштање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури ниту самиот Мицкоски не знае колку од неговите сопартијци и пратеници ќе го поддржат.

Антизападниот Мицкоски е во паника поради влезот на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ и таа паника ја крие со вакви чекори.

Тој нема капацитет да понуди ништо добро за граѓаните и државата освен деструкција и блокади.

Мицкоски не постапува и не размислува ниту државнички ниту одговорно. Тој е посветен само само на својот и интересот на неговите антизападни ментори.

Владата предводена од СДСМ влегува во економски поход. На агендата се силна економија, инвестиции, поврат на ДДВ кон граѓаните, повисоки плати, подобар животен стандард, нови работни места.

Влада која сите свои капацитети ги вложува во економија и напредок, која создава шанса за сите не размислува за оставка туку за доброто на граѓаните.

Мицкоски го чека пораз на следните избори и може уште сега да размислува само за сопствената оставка.

СДСМ е партија која на Македонија и донесе државнички историски успех и затоа ќе победи на претседателските избори, ќе победи и на парламентарните, кога и да се одржат“, вели Костадинов.

Заев-Тимоние: Македонија е на добар пат, силна поддршка од Франција на патот до ЕУ и НАТО

0

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, со кого разговараше за прашања поврзани со актуелната политичка ситуација во земјата, вклучувајќи го и усвојувањето на уставните измени во Парламентот во согласност со Преспанскиот договор и продолжувањето на реформите со цел интегрирање на земјата во евроатлантските структури.

Амбасадорот Тимоние оценувајќи дека Македонија е на добар пат за остварување на нејзините стратешки цели, членството во Европската Унија  и НАТО, му честиташе на премиерот Заев за лидерството кое доведе до Договорот од Преспа, кој е клучен за реализација на евроинтеграциските процеси.

„Насочени сме да го искористиме историскиот момент и имаме највисока мотивација по добиената покана за почеток на пристапните преговори со НАТО и најавениот датум за почеток на преговорите со ЕУ, да ја внесеме Македонија во евроатлантското семејство, каде македонските граѓани ја гледаат својата иднина“, рече премиерот Заев, заблагодарувајќи му се на францускиот амбасадор за сета поддршка која неговата земја и ја дава на  Македонија и нејзините граѓани за време на реализацијата на стратешките цели.

Мицевски: Собранието да се распушти, Заев да си поднесе оставка и да се формира преодна Влада

0

„Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесе Предлог-одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, и додаде:

„Бараме Зоран Заев да поднесе оставка од позицијата Претседател на Владата и во најбрзо можно време да се состави преодна Влада за организирање на избори за пратеници со цел да се испочитуваат роковите за 100 дена Влада.

Време за губење нема. За овие две години откакао Зоран Заев и СДСМ се на власт, Република Македонија го допре дното. Не можеме да дозволиме оваа ненародна власт да продолжи да нанесува штети на државата во секој сегмент.

За две години СДСМ направи штети со несогледливи последици што се однесува на државните и национални интереси, но и штети кои што секојдневното живеење на граѓаните го прават скоро невозможно.

Како никогаш досега Македонија не била по поделена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален основ, ниту по граѓански основ и тоа мора да запре.

Република Македонија е доведена до степен на потчинетост поради недостоинствени прифатени предлози, наметната двојазичност, разочарувања, никакви реформи во економијата, катастрофи во здравството, нема никакви реформи во образованието, континуирано осиромашување на граѓаните, инавазија на иселување, деморализирање и потеценување на граѓаните без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност, загрозување на животната средина, непочитување на Уставот, а пред се промената на уставното име на Република Македонија.

Македонија мора да тргне по патот на реформите, не е доцна, но дефинитивно е јасно дека тоа нема да се случи додека нашата земја е под неспособното водство на Зоран Заев и СДСМ“, истакна Мицевски.

Поднесена кривична пријава за злоупотребите на пензискиот систем

0

Министерството за труд и социјална политика денеска до Основното Јавно обвинителство достави кривична пријава против непознат сторител за злоупотребите на пензискиот систем, кои вчера ги соопшти министерката Мила Царовска.

„Имено, темелните истражувања на пензискиот систем кои ги направи Министерството за труд и социјална политика со Меѓународните финансиски институции за првпат по 12 години откри дека кај 12.000 осигуреници уплатените придонеси останале само во државниот пензиски столб.

За нив воопшто не се распределувале средства во вториот пензиски столб, иако осигурениците ги исполнувале условите. На овој начин директно им било скратено правото за остварување повисока пензија на овие 12.000 идни пензионери. Така, еден осигуреник со просечна плата има изгубено околу 95 илјади денари во период од 2007 до 2018 година.

Лошите и неодговорни политики на претходната власт доведоа до покачување на дефицитот на ПИОМ од 15 милијарди денари. Со цел да се намали овој дефицит Министерството за труд и социјална политика изготви пакет мерки кои стапија на сила од 1 јануари 2019 година. Преку нив се менува структурата на двостолбниот пензиски систем. Целта на МТСП е да обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, и тоа без зголемување на старосната граница или замрзнување на пензиите“, се вели во соопштението.

Линкевичиус: Литванија меѓу првите ќе го ратификува Протоколот за Македонија во НАТО

0
Фото: МИА

Шефот на литванската дипломатија Линас Линкевичиус е во посета на Македонија. Тој денеска на средбата со неговиот колега Никола Димитров најави дека Литванија ќе биде меѓу првите земји кои ќе го потпише Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО алијанската.

„Тука сум да изразам поддршка на нашите пријатели и нашите идни сојузници. Активно ќе помогнеме во завршување на работата на Македонија“, изјави Линкевичиус.

Димитров истакна дека посетата на неговиот литвански колега доаѓа симболично по ратификацијата на Договорот од Преспа, во исто време потсетувајќи дека токму Линкевичиус бил потписник на Декларацијата од Вилнус и дека Македонија е последната држава од таа група која остана надвор.

„Среќен сум што добив уверување од Литванија дека стои со нас кон последните чекори за пристапот кон членството во НАТО и во однос на патот кон ЕУ“, истакна Димитров.

Димитров и Линкевичиус потпишаа и Спогодба за соработка во областа на меѓународниот транспорт. Линкевичиус денеска ќе има средби и во Владата и во Собранието.

Европа бара Нобелова награда за Заев и Ципрас, три групи во европскиот парламент ја поддржале номинацијата

0

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, номинирани се за овогодинешната Нобелова награда за мир, а челниците на три групи од Европскиот парламент веќе ја поддржале иницијативата, јавува грчката агенција АНА.

Удо Булман, Ска Келер и Габи Цимер во заедничко соопштение нагласиле дека Преспанскиот договор го решава долгогодишниот спор со името и придонесува за мир на Балканот.

Тие нагласиле дека Договорот е пример за „мирно решавање на меѓународните проблеми низ дијалог и меѓусебен компромис“, додавајќи дека двајцата премиери покажале политичка храброст и покрај противењето на дел од граѓаните на двете земји, и токму од тука Нобеловата награда за мир 2019 година треба да им припадне заедно на Ципрас и на Заев.

Скопје утринава повторно најзагаден град во Светот

0

Не мина една недела, а Скопје повторно е најзагаден град во Светот. Утринава во нашиот главен град беа измерени рекордни ПМ10 честички.

Загадување над нормалното е забележано и во другите делови од земјата.

Синоќа најзагадено беше во Скопје, поточно во Ѓорче Петров каде беа измерени пет пати повеќе ПМ10 честички од дозволеното.

ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на Собранието, СДСМ смета дека Мицкоски е во паника

0

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на Собранието, СДСМ пак смета дека Мицкоски е во паника. За актулените политички состојби и одлуките кои денеска беа донесени на Извршниот и Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ разговаравме со Димче Арсовски – портпарол.

Разговор со Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Разговор со Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕНашата репортерка Александра Велинова во живо разговараше со портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за најновите донесени одлуки во партијата

Gepostet von TV21 am Sonntag, 27. Januar 2019

Велешкото село Стари Град оставено во заборав, жителите патуваат и по 5км за вода за пиење

0

Вода за пиење нема. Улиците се неасфалтирани и нема канализација. Жителите од село Стари Град живеат како во среден век. Тие се принудени да патуваат и по 5км до најблиското село за да наполнат вода за пиење.

„Овде имаме многу лоши услови поради водата, немаме вода за пиење. Овде сме 15 албански куќи, вода купуваме или полниме во другите македонски села, немаме ниту за стоката. Таму имаа извори на вода и големи чешми. Одиме таму да полниме вода за пиење, а за стоката полниме од реката, такви ни се условите овде“, вели Наум Исенов, жител на село Стари Град.

“Условите во селото се катастрофални, немаме добри улици, ни вода за пиење ни ништо. Вода за пиење немаме, принудени сме да купуваме, а ни треба и за стоката. Имаме 2 илјади овци во Стари Град, а вода носиме од село Бабуна, на 2км од овде.“, рече Раиф Јакупов, жител на селото.

Градоначалникот на општина Чашка, телефонски за ТВ21 изјави дека е запознаен со проблемите на жителите од Стари Град. Тој објасни дека овие проблеми ги наследил од претходниот градоначалник на општината. Но и покрај фактот дека веќе 1 година е градоначалник, тој се уште нема подготвено проект за решавање на инфраструктурата и канализацијата, а проблемот со водата очекува да се реши со помош од владата до крајот  на неговиот мандат.

Селото Стари Град во општина Чашка брои над 20 семејства кои се борат со лошите услови и очекуваат решавање на проблемите од страна на општината. Инаку, на територија на општина Чашка, над 70% од населените места немаат систем за канализација, а 60% немаат ниту централен водовод.

Репортер: Арменд Гаши

Попис на населението, граѓаните инсистираат да фигурира етничката припадност

0

Освен политичките партии, графата за етничка определба ги засега и граѓаните. Повеќето од нив, кои беа анкетирани од ТВ21, се на мислење дека етничката припадност може да се тргне од листата за попис кога ќе се тргнат и уставните одредби според проценти.

Пописот не е целосен доколку се тргне графата која ја определува етничката припадност во Македонија. Проблем е идентитетот,  како ќе го одреди говорот на јазикот со 20%?  Каде ќе го најде тоа доколку во пописот нема дел за етничка припадност, велат граѓаните.

Во меѓувреме СДСМ се изјасни против фигурирањето на етничката припадност на граѓаните при пописот во 2020 година. ДУИ се уште без јасен став. А сите други партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ како и албанските опозициски партии се ЗА да фигурира етничката припадност при пописот.

Репортер: Мевљудин Имери

Филипче: Вакцините се безбедни, „ова личи на турска серија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ

0

Изминат рок, погрешно поставена декларација и сомнежи за квалитетот на вакцините против сипаници беа само неколку од последните настани во врска со вакцината МРП. Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче, во интервју за РСЕ уште еднаш изјави дека вакцините МРП против сипаници се безбедни и квалитетни, и им упати апел на родителите да ги почитуават препораките на Министерството за здравство за вакцинација.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа велејќи дека здравствениот систем е во хаос и дека скандалот со  вакцините е само  еден од многуте.

Во меѓувреме од Министерството за здравство известија дека вчера на Клиниката за инфективни болести биле примени уште 9 нови случаи со сипаници. Од Клиниката информираат дека овој број се очекува да расте бидејќи ова е нов бран на заболени случаи. За да се спречи ширењето на сипаниците во Скопје, на сите универзитетски клиники е донесена одлука за ограничување или за забрана на посетите на пациентите до завршување на епидемијата. Исто така од Министерството за здравство информираат дека до сега се вакцинирани 4345 деца со вакцината МРП и дека се уште е на сила одлуката не вакцинираните деца да не се примаат во градинка, со цел да се забрани ширење на епидемијата.

Репортер: Ваљмира Зендели

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ има барање до Парламентот за оставка на Заев, техничка Влада и предвремени парламентарни избори

0

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ разговараше и ја анализираше актуелната економска ситуација во државата, сите можни сценарија беа разгледувани и врз основа на тоа е донесено неколку заклучоци, изјави на денесшата прес-конференција после седницата на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека Македонија никогаш не била поделена, ни политички ни по партиски, ни национален или граѓански основи како сега.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека утре пратениците на партијата заедно со Коалицијата за подобра Македонија до Парламентот ќе поднесат неколку барања и организирање на предвремени парламентарни избори.

„Она што денеска Извршниот и Централниот комитет го потврди е дека утре во текот на денот пратеничката група на партијата ќе поднесат во Парламентот барања претседателот на Владата, Зоран Заев да си поднесе оставака, да има формирање на техничка Влада и ќе поднесе иницијатива за распуштање на Парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори, и сите тези кои ги имаше Заев да бидат изведени на површина и да ја видиме вистинската нечиста намера на СДСМ. “

Филипче: Демантирам дека иглата при вакцинацијата била со капаче

0

Информациите на социјалните медиуми дека министерот за здравство Венко Филипче ја вакцинирал неговата внука Илина од МРП вакцина е лажна вест!

На социјалната мрежа Фејсбук, министерот Филипче објави информација и фотографија како ја вакцинира внуката со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел со неговиот личен пример да и покаже на јавноста дека вакцинацијата е вистински чекор во заштита од заразните болести.

„Мојата внука е мала, и не може да биде вакцинирана од МРП вакцината. Но, јас како дел од здравствените работници ги уверувам сите граѓани дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, и тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Демантирам дека иглата при вакцинацијата била со капаче. Станува збор за еден адаптер кој се надоврзува на шприцот. Поради тоа на фотографијата не се гледа иглата на вакцината“, изјави министерот Филипче.

Апелираме граѓаните да ги проверуваат вестите кои се пласираат во дел од медиумите, бидејќи станува збор за лажни вести.

МЗ: Вакцините со погрешна деклацаија, но со правилен рок на траење, се повлечени од Здравствените домови

0

Здравствената состојба на пациентите кои се заразија со морбили (мали сипаници) е под контрола, преземени се сите можни мерки да се спречи понатамошно ширење на епидемијата.

Катастрофалната состојба која ја затекнавме беше предизвикана токму од негрижата на здравствените власти во тек на 11 години и биланс од над 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје.

Заради комплетно изгубена доверба во јавното здравството, паралелен увоз на лекови и негрижа од здравствените власти, епидемијата на морбили која беше искоренета во нашата земја, повторно се врати.

Вакцините со погрешна деклацаија, но со правилен рок на траење, се повлечени од Здравствените домови и како налага Законот мора да се уништат. Со повлекување на вакцината од Здравствените домови повикувајќи се на

Законот за лековите и медицинските средства, согласно член 106 став 1 точка 5, оваа вакцина се смета за лек кој не е за употреба. Затоа МАЛМЕД донесе решение да се уништат количините од оваа вакцина.

Вакцинацијата е една од врвните придобивки на современата медицина во светот, а не причина за партиски препукувања. Вакцините се со одличен квалитет и се комплетно безбедни за употреба.

Нашата посветеност, позитивните кампањи за вакцинациија, како и гаранциите дека вакцините се безбедни, со рок на траење и проверен квалитет овозможи да имаме околу 4 400 вакцинирани деца за околу еден месец, што е одличен успех.

Ја подигнавме свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбилите (мали сипаници). Сите препораки, известувања и апели и сите мерки за заштита на населението се преземени навреме иако, во спротивно досега ќе имавме и смртни случаи.

Вучиќ: Германија ќе води сметка за компромисни решенија меѓу Белград и Приштина

0

Германија ќе води сметка не само за дијалогот на Белград и Приштина, туку и за постигнување на компромисни решенија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Значи, 22 од 27 земји на ЕУ веќе ја признаа независноста на Косово во границите на нашата јужна покраина, но на тоа ретко се сеќаваме, бидејќи некогаш забораваме на светот за само 20 минути да сакаме да бидеме дел од светот. Се обидов да му кажам на нашиот народ дека не може да се одржи замрзнат конфликт, бидејќи има интереси на различни страни. Интересите на Албанците, но и на многу големи сили. Некои од нив сакаат решавање на проблемот, додека други сакаат конечно да имаат своја држава и за тоа ќе ја платат цената колкава и да е. Јас секогаш ги прашувам нашите граѓани колкава цена сме ние спремни да платиме“, кажа Вучиќ.

Итни седници на Извршен и Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

0

Итни седници на Извршниот и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се закажани за денеска.

Ваквите заседавања доаѓаат по одлуката на СДСМ да го одложи конечниот став во однос на одлуката за предвремени парламентарни избори.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека власта ја носи државата во голема бездна.

„По фијаското и целосната капитулација со името и промената на идентитетот, владата, како што гледаме, се впушти во нова трка на лазење на јавноста со измислени бројки, сакајки да ја покрие целосната капитулација во економијата“, велат од опозициската партија.

Седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ќе започне околу 14 часот.

Рускиот бомбардер Ту-22 при слетувањето се преполовил и експлодирал (ВИДЕО)

0

Од рускиот бомбардер Ту-22М3 кој се урна во вторникот пред слетување на воениот аеродром во регионот на Мурманск, Русија се појави снимка објавена во медиумите.

Како што е снимено на видеото, авионот се обидел да слета, додека видливоста била многу слаба, последниот дел удрил на земјата, се преполовил, а потоа го запалил. Несреќата се случи на 22 јануари во близина на пистата за слетување.

Единствениот преживеан е хоспитализиран и има сериозни повреди. Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Уапсени две лица кои украле паричник и платежна картичка во Скопје

0

Двајца скопјани се лишени од слобода кои пред неколку месеци украле паричник од автомобил, па од кредитна картичка извадиле 48.000 денари од банкомат, информираше МВР:

Станува збор за А.А.(46) и Х.А.(46) против кои Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела.

Освен за тешка кражба, А.А. и Х.А. се товарат и за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Според полицијата, осомничените на 12.11.2018 година на улицата Бледски Договор од автомобил украле паричник во кој имало лични документи и  кредитни картички. Потоа со една од картичките за која имало ПИН во паричникот од банкомат успешно извршиле трансакција на 47.800 денари.

Внимателно возење, поради ниските температури можна е појава на голомразица

0

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

СПОРТ

Ангеловски повика 18 фудбалери за дуелите со Гибралтар и Ерменија

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ги соопшти имињата на фудбалерите на кои ќе смета на првите два...

СВЕТ

Трамп им покажа црвен картон на новинарите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа ја прими делегацијата предводена од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, а во фокусот на разговорите...

Русија негира дека имало средба меѓу разузнавачи на Сирија и САД

Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов денеска ја негираше веста дека во јуни дошло до средба меѓу високи разузнавачки офицери на...

Хаменеи: Ќе се откажеме од нуклеарниот договор ако не е во...

Врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хаменеи денеска изјави дека Техеран може да го напушти нуклеарниот договор со светските сили по повлекувањето...

ОН стравува од 800.000 бегалци во случај на офанзива во Идлиб

Офанизвата на сирискиот режим во покраината Идлиб во северозападна Сирија може да натера на бегство дури 800.000 цивили, кои веќе живеат во бедни услови,...

Лавров: Недозволиво е терористите да држат цивили како заложници

Терористите во Идлиб настојуваат да користат цивилни заложници како жив штит, што е неприфатливо, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.Лавров...

МАКЕДОНИЈА