Македонскиот стрип претставен на 12. Новосадски стрип-викенд

Стрип-центарот на Македонија (СЦМ) со седиште во Велес изминатиот викенд го промовираше македонскиот стрип на 12. Новосадски стрип-викенд.

Програмскиот координатор Томе Трајков денеска изјави дека заедно со извршниот директор на СЦМ Ване Трајков имал контакти со реномирани стрип-автори од регионот, како Бане Керац, Игор Кордеј, Светозар Обрадовиќ Рибиќ, Драган Лазаревиќ, Стеван Субиќ, Леонид Пилиповиќ, Ања Тановиќ…

– Воедно, остваривме и контакти со други фестивали, како „Нифест“ од Ниш, и консултации за формирање асоцијација на стрип фестивали, рече Трајков.

За популаризација на македонскиот стрип, СЦМ на Новосадскиот стрип-викенд на посебен штанд ги промовирал „Стрип-креатор“, „Стрип-алманах“ и авторските стрип-книги во негово издание.

Македонскиот стрип претставен на 12. Новосадски стрип-викенд was last modified: September 17th, 2018 by Ана