МЗ: Вакцините со погрешна деклацаија, но со правилен рок на траење, се повлечени од Здравствените домови

0

Здравствената состојба на пациентите кои се заразија со морбили (мали сипаници) е под контрола, преземени се сите можни мерки да се спречи понатамошно ширење на епидемијата.

Катастрофалната состојба која ја затекнавме беше предизвикана токму од негрижата на здравствените власти во тек на 11 години и биланс од над 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје.

Заради комплетно изгубена доверба во јавното здравството, паралелен увоз на лекови и негрижа од здравствените власти, епидемијата на морбили која беше искоренета во нашата земја, повторно се врати.

Вакцините со погрешна деклацаија, но со правилен рок на траење, се повлечени од Здравствените домови и како налага Законот мора да се уништат. Со повлекување на вакцината од Здравствените домови повикувајќи се на

Законот за лековите и медицинските средства, согласно член 106 став 1 точка 5, оваа вакцина се смета за лек кој не е за употреба. Затоа МАЛМЕД донесе решение да се уништат количините од оваа вакцина.

Вакцинацијата е една од врвните придобивки на современата медицина во светот, а не причина за партиски препукувања. Вакцините се со одличен квалитет и се комплетно безбедни за употреба.

Нашата посветеност, позитивните кампањи за вакцинациија, како и гаранциите дека вакцините се безбедни, со рок на траење и проверен квалитет овозможи да имаме околу 4 400 вакцинирани деца за околу еден месец, што е одличен успех.

Ја подигнавме свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбилите (мали сипаници). Сите препораки, известувања и апели и сите мерки за заштита на населението се преземени навреме иако, во спротивно досега ќе имавме и смртни случаи.