Министерството за здравство ќе набави заштитни маски за лицата со здравствен ризик

0

Министерството за здравство информира дека е во подготвителна процедура за постапката за набавка на заштитни маски, кои, велат тие, бесплатно ќе ги добијат лицата со здравствен ризик.

Постапката за набавка на заштитни маски за лицата со здравствен ризик е во подготвителна процедура. Набавката опфаќа 40.000 специјални маски кои штитат од ПМ 2,5 и ПМ 10 честичките. Имајќи предвид дека законските процедури за набавка на маските се долги, оваа процедура се одвива со мало доцнење. Воедно, информираме дека и за идната година се планирани вакви набавки, во зависност од потребите“, соопштуваат од Министерството за здравство.