Мицевски: Собранието да се распушти, Заев да си поднесе оставка и да се формира преодна Влада

„Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесе Предлог-одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, и додаде:

„Бараме Зоран Заев да поднесе оставка од позицијата Претседател на Владата и во најбрзо можно време да се состави преодна Влада за организирање на избори за пратеници со цел да се испочитуваат роковите за 100 дена Влада.

Време за губење нема. За овие две години откакао Зоран Заев и СДСМ се на власт, Република Македонија го допре дното. Не можеме да дозволиме оваа ненародна власт да продолжи да нанесува штети на државата во секој сегмент.

За две години СДСМ направи штети со несогледливи последици што се однесува на државните и национални интереси, но и штети кои што секојдневното живеење на граѓаните го прават скоро невозможно.

Како никогаш досега Македонија не била по поделена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален основ, ниту по граѓански основ и тоа мора да запре.

Република Македонија е доведена до степен на потчинетост поради недостоинствени прифатени предлози, наметната двојазичност, разочарувања, никакви реформи во економијата, катастрофи во здравството, нема никакви реформи во образованието, континуирано осиромашување на граѓаните, инавазија на иселување, деморализирање и потеценување на граѓаните без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност, загрозување на животната средина, непочитување на Уставот, а пред се промената на уставното име на Република Македонија.

Македонија мора да тргне по патот на реформите, не е доцна, но дефинитивно е јасно дека тоа нема да се случи додека нашата земја е под неспособното водство на Зоран Заев и СДСМ“, истакна Мицевски.