Нова Демократија: Скопје го крши Договорот од Преспа

0

Во денешната расправа во грчкиот Парламент за ратификација на преспанскиот Договор, од Нова Демократија побараа пречистениот текст на Уставот на Македонија да биде доставен до пратениците, за да се уверат дека истиот не соодејствува со она што го содржи Договорот од Преспа.

„Уставните измени кај нашиот сосед не се извршени според Договорот од Преспа. Ова е директно кршење на договорот во согласност со Владата“, велат од Нова Демократија кои објаснуваат каде има нејаснотии во изменетиот Устав на Македонија.

„Пратениците се повикани да гласаат за историски договор, без да знаат впрочем што е ратификувано во ПЈРМ. Најдобар пример е тоа што во 32. член на Уставот се однесува за промена на името од Република Македонија во Република Северна Македонија. Потоа во 33-тиот и 34-тиот член во Уставот повторно стои „Република Македонија“. Тоа доаѓа во целосна спротивност со меѓународните правила за уставни измени. Во промената на членот 32 не е јасно дали промената на името се однесува и на преамбулата“, велат од Нова Демократија кои размислуваат да поднесат иницијатива за гласање недоверба на Владата.