Отворен 22. Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“

Во Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“ во Тетово синоќа беше отворен 22. Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“.

Учесниците и гостите ги поздрави министерот за култура Асаф Адеми, кој упати честитки до раководството за успешното организирање на фестивалот, именуван по големиот поет, писател и преведувач Наим Фрашери.

Тоа, рече Адеми, е од особено значење за градот Тетово каде што во наредните денови ќе се слушне гласот на поетите и ќе се почувствува нивната инспирација.

-Посакувам уште многу успешни изданија на фестивалот, а на присутните поети им пожелувам пријатен престој и успешно претставување на годинашното издание. Да се чуе гласот на поетите, да се почувствува поетската инспирација и да се прослават музите што имаме фестивал на поезијата во нашиот град Тетово, порача министерот Адеми.

Отворен 22. Меѓународен фестивал на поезијата „Денови на Наим“ was last modified: October 19th, 2018 by Ана