Поволностите за странски филмски продукции претставени на фестивалот во Олденбург

Агенцијата за филм на Република Македонија ја претстави македонската кинематографија и продукциската дејност на „Matchbox co-production lounge“ во рамки на 25. Филмски фестивал во Олденбург, Германија, кој се одржа од 13-ти до 16 септември.

– На фестивалот, кој го носи епитетот „’Санденс’ во Германија“, беше презентирана Агенцијата и можностите и поволностите за привлекување странски филмски продукции, атрактивни локации за снимање, како и можноста за поврат на вложените средства согласно со Законот за филмска дејност, соопшти Агенцијата за филм.

Пред заинтересирани странски продуценти на настанот продуцентката Марија Димитрова го претстави проектот „Сестра“ на режисерката Дина Дума, а Вардан Тозија својот филмски проект „М“.

Светска премиера во официјалната конкуренција на фестивалот во Олденбург имаше македонскиот филм „Враќање“ на режисерот Кастриот Абдули.

Поволностите за странски филмски продукции претставени на фестивалот во Олденбург was last modified: September 18th, 2018 by Ана