Почина лицето кое вечерва беше погодено во пукањето во Куманово

Лицето кое што вечерва беше погодено од огнено оружје во пукањето во Куманово, им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје. Оваа вест ја потврдија и од болницата.

До пукањето дошло после расправијата меѓу две семејства во кумановско Диво Насеље. Ранетото лице поради тежината на повредите беше донесено во Скопје, но ја загуби битката за животот. Неговиот идентитет засега не е познат.

Од тепачката неколку лица од двете семејства се полесно повредени.