Приговорите на опозициските грчки партии отфрлени во расправата за Договорот од Преспа

После повеќе од час и пол жешка дискусија во грчкиот Парламент околу процедурални прашања, приговори доставени од опозициските партии и отрфлени од мнозиството, со говор на пратеничката на Сириза Сиа Анагнастопулу, започна расправата за ратификација на Договорот од Преспа. Анагнастопулу заедно со Јоргос Кумуцакос се известувачите на нацрт законот, јавува дописничката на МИА од Атина.

Приговори имаа од Нова демократија, Златна зора и Независни Грци.