СДСМ: Ѓорчев 20 години молчи за погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните нема да дозволат нов Иванов, ниту нов Груевски

0

СДСМ со реакција околу кандидатурата на Владимир Ѓорчев за претседател на Македонија.

„Владимир Ѓорчев е првиот кандидат кој јавно обелодени дека сака да застане рамо до рамо со Христијан Мицкоски, против ЕУ и НАТО, да тргне по антизападните стапки на Груевски и Иванов.

Повеќе од 20 години Ѓорчев е дел од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од 20 години Ѓорчев ги премолчува сите криминални и погубни политики на неговата партија. Со години молчеше за криминалите на Груевски, денес молчи за антидржавното и антизападното однесување на неговиот шеф, Мицкоски.

Можеби Јанко Бачев ќе биде еден од кандидатите?

На Македонија и нејзините граѓани не и е потребна уште една антизападна марионета на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, не им е потребен уште еден партиски полтрон кој наместо интересите на државата ќе сее омраза и поделби заради одбрана на злоделата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ќе изберат вистински претседател кој ќе ги штити нивните интереси и застане со прогресивните, демократски сили во земјава, за обезбедување на иднината, за напредок, за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Граѓаните нема да дозволат ниту нов Иванов, ниту нов Груевски. Кого и Мицкоски да одбере за кандидат на претседателските избори, може да се подготви само за пораз“, се вели во соопштението на СДСМ.