СДСМ: Ќе гласаме против предлогот за зголемување на платите на вицепремиерите

И покрај тоа што не гласаа за негово повлекување, сепак, пратениците од СДСМ ќе гласаат против предлогот за зголемување на платите на вицепремиерите. Ова денеска го соопшти портпаролот на партијата Костадин Костадинов.

„Секако го одбивме барањето за повлекување од дневен ред на точката поврзана за платите на вицепремиерите од причина што ставот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата дека поддржување на дополнителни бенефиции за вицепремиери нема да има. Значи ќе гласаме против оваа точка, тоа ќе го докажеме и со самото гласање кога точката ќе дојде на дневен ред“, вели Костадинов.

Дали тоа значи дека СДСМ се откажува од зголемувањето на платите на вицепремиерите?

„Да, дополнителни бенефиции на функционерите не се потребни. Бенефиции ќе има само за граѓаните, и тоа е јасна определба на СДСМ и коалицијата“, рече Костадинов.