Слаб снег на Попова Шапка, Ѓавато и Буково, магла во Битола и на Стража

Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола и на планинскиот премин Стража.

Слаб снег провејува на Попова Шапка, Ѓавато и Буково кој засега не се задржува на коловозот, информира во утринскиот извештај Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Ноќеска по полноќ е откажано слетувањето на авионот на „Виз ер“ од Базел, покажуваат податоците од веб страницата на Скопскиот аеродром.