Снежна бура го погоди САД, загинаа пет лица

Снежна бура на американскиот Среден запад, поради која најмалку пет луѓе загинаа, се движи источно кон Вашингтон.

Бурата го погоди Канзас и Мисури во петокот и повторно вчера, и се прошири на делови од Илиноис, Индијана и Охајо.

Најмалку пет луѓе ги загубија животите во сообраќајни несреќи поради лошите временски услови на автопатишта во Мизури и Канзас.

Полицијата соопшти дека „во овој момент состојбата на сите патишта во Канзас е лоша”.

Десетици летови од меѓународниот аеродром во Сент Луис беа откажани. Снег за денеска најавуваат метеоролозите за подрачјето од Њујорк преку Вашингтон до Вирџија.