Уапсени две лица кои украле паричник и платежна картичка во Скопје

Двајца скопјани се лишени од слобода кои пред неколку месеци украле паричник од автомобил, па од кредитна картичка извадиле 48.000 денари од банкомат, информираше МВР:

Станува збор за А.А.(46) и Х.А.(46) против кои Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела.

Освен за тешка кражба, А.А. и Х.А. се товарат и за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Според полицијата, осомничените на 12.11.2018 година на улицата Бледски Договор од автомобил украле паричник во кој имало лични документи и  кредитни картички. Потоа со една од картичките за која имало ПИН во паричникот од банкомат успешно извршиле трансакција на 47.800 денари.