Филипче: Вакцините се безбедни, „ова личи на турска серија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ

0

Изминат рок, погрешно поставена декларација и сомнежи за квалитетот на вакцините против сипаници беа само неколку од последните настани во врска со вакцината МРП. Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче, во интервју за РСЕ уште еднаш изјави дека вакцините МРП против сипаници се безбедни и квалитетни, и им упати апел на родителите да ги почитуават препораките на Министерството за здравство за вакцинација.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа велејќи дека здравствениот систем е во хаос и дека скандалот со  вакцините е само  еден од многуте.

Во меѓувреме од Министерството за здравство известија дека вчера на Клиниката за инфективни болести биле примени уште 9 нови случаи со сипаници. Од Клиниката информираат дека овој број се очекува да расте бидејќи ова е нов бран на заболени случаи. За да се спречи ширењето на сипаниците во Скопје, на сите универзитетски клиники е донесена одлука за ограничување или за забрана на посетите на пациентите до завршување на епидемијата. Исто така од Министерството за здравство информираат дека до сега се вакцинирани 4345 деца со вакцината МРП и дека се уште е на сила одлуката не вакцинираните деца да не се примаат во градинка, со цел да се забрани ширење на епидемијата.

Репортер: Ваљмира Зендели