Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ ја испраќаат пораката: Бараме избори и се молиме и се надеваме дека нема да ги добиеме

Министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска на денешниот прес истакна дека опозицијата бара парламентарни избори за да не ги добие.

„Првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ ја испраќаат пораката: Бараме избори и се молиме и се надеваме дека нема да ги добиеме. Но меѓутоа ја дадоа таа иницијатива веднаш по гласањето во собранието. Сакаа со таа изјава сакаа да заборавиме дека Македонија решила еден проблем, сакаа  да ја сменат темата бидејќи не им одговара. Темата покажува ако сакаш нешто да го решиш ќе го реши, ако сакаш да ја ослободиш државата од изолација ќе го направиш тоа. Ако сакаш перспектива на граѓаните ќе им понудиш отворени а не затворени врати. И на тоа се должеше таа иницијатива да се бараат избори ама да се наоѓа начин како тие да не се случат“, изјави Шекеринска и додаде дека има многу аргументи кои сериозно ќе бидат разгледани во полза на една таква иницијатива и дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ тие ќе ги почитуваат законите кои оваа држава ги донела.

„Се она што штои во законите од прва до последна точка ќе го исполниме“, рече Шекеринска.