Ѓорчев до Заев: „Што направивте за Албанците кои гласаа за вас?“

За прв пат откако се во опозиција, член на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за правата на Албанците во Македонија. Пратеникот Влатко Ѓорчев го праша Премиерот што конкретно направил досега за Албанците кои му го дадоа својот глас на последните парламентарни избори.

Премиерот реагираше велејќи дека првата работа која е направена е еднаквост на нивните права во областа на вработувањата и распределбата на инвестициите. Заев рече и дека Албанците не ги гледа како етничка заедница, туку како граѓани на Македонија.

Со овој одговор не беше задоволен патеникот Ѓорчев. Тој потсети на ветувањата дадени на албанскиот електорат од страна на Премиерот.

Се чинеше дека незадоволен беше и пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили, кој побара од Премиерот да го исполни ветеното за расчистување на случајот „АЛФИ“, за кој рече дека е монтиран.

На денешната седница беа поставени прашања од областа на економијата, правдата, културата, инфраструктурата и слично.

Репортер: Зимер Јашари