Ѓорчев ќе се кандидира за претседател на Македонија на огласот на ВМРО-ДПМНЕ

Влатко Ѓорчев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се кандидира за претседател на Македонија на огласот на партијата. Самиот Ѓорчев за ТВ21 ја потврди оваа информација.

Тој денеска на прес-конференција ќе соопшти дека и официјално влегува во трката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавниот оглас за кандидат за претседател од редовите на опозицијата ќе трае до крајот на месецот. Тогаш ќе се знае кои се пријавени, и кој ќе биде единствениот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ да го наследи Ѓорге Иванов.